Најстудено во Тетово, Битола и Берово

Најниската температура во државава изутринава изнесува - 1 степен, во Тетово, Битола и Берово, по што следуваат со 0 степени Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп, Демир Капија и Mаврови Анови, 1 Скопје-Зајчев Рид, Лазарополе, Крива Паланка, Виница и Велес, 2 Kрушево, Штип и Кавадарци, 4 Гевгелија и Охрид, пет Претор, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има слаба магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.
Во Скопје, сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Претпладне во делови од котлината ќе има слаба магла. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
МИА
Ново на Сител
-

УЈП: Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан
-

За 12 часа регистрирани над 65.000 сообраќајни прекршоци
-

Лишено од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник
-

Милевски повеќе не е селектор на македонската репрезентација
-

Нормализиран сообраќајот на ГП Дојран
-

За еден денар поевтинуваат дизел горивата
-

Во третиот квартал годинава 10.033 слободни работни места
-

Возач на Бит Пазар нападнал 14-годишно момче, па ја одвел неговата 16-годишна сестра во непознат правец
