Македонија
23. November 2025 - 16:26

Неделава конечно ќе се објават имињата што ќе го заменат Меџити во Владата

Беким Сали, како вицепремиер и Мухамед Хоџа, како министер за животна средина засега, неофицијално, остануваат двете имиња треба да ги пополнат испразнетите места од Изет Меџити во Владата.

Промените, согласно најавите на премиерот Мицкоски ќе бидат официјализирани во текот на оваа недела. Остатокот од реконструкцијата ќе биде направен дополнително. 

Од Владата засега само потврдуваат дека ќе се оди со измени за комплетирање на владиниот кабинет.

Она што го брифираат владини извори е дека и покрај тоа што на местото на Меџити доѓаат двајца, сепак Вреди ќе го задржи истиот број на вицепремиерски и министерски места во Владата. Коалициските партнери се уште се договараат дали Сали ќе добие и министерска позиција, или пак, некој од актулените министри на Вреди ќе остане без министерско столче.

Политичките аналитичари велат дека двофазните промени се  политички полесно решение за Мицкоски кој очигледно за кадровско освежување во владините редовите од неговата ВМРО-ДПМНЕ ќе го чека партискиот конгрес.

Аналитичарите децидни дека реформи ќе мора да има и во опозициската СДСМ ако сака да го поврати политичкиот кредибилитет по лошиот резултат на локалните избори. При тоа Арсовски вели не се доволни само кадровски промени.

Иако Филипче минатата недела најави Централен одбор на СДСМ, а до крајот на годината и Конгрес на кој ќе се анализира изборниот пораз, па врз основа на тоа ќе се прават и промени, од СДСМ денеска не одговорија за тоа дали ја направиле анализиата и дали промените ќе бидат само на централно ниво, или ќе се направат покоренити промени.