Македонија
22. November 2025 - 10:44

Прва еко трампа „На ти го, дај ми го“, посветена на одржливост, заедништво и креативна размена во Скопје

Организацијата Еко-свест денеска во Скопје организира прва еко трампа под мотото „На ти го, дај ми го“, посветена на одржливост, заедништво и креативна размена, наменета за сите кои сакаат да им дадат нов живот на старите предмети што веќе не ги користат.

Настанот, кој ќе се одржи Собрание Бистро, со почеток од 12 часот, е отворен за сите, а концептот, како што информираат организаторите, е едноставен - секој учесник може да донесе до пет предмети (облека, книги, модни додатоци, ситни апарати или други употребливи предмети) и за секој донесен предмет ќе добие купон за размена и со тој купон може да избере нешто што друг учесник го донел.

Сите предмети треба да бидат чисти, зачувани, а доколку станува збор за електронски уреди - функционални. Како мал знак на благодарност за учеството, секоj учесник ќе добие бесплатно кафе, затоа што, како што посочуваат организаторите, секоја добра размена започнува со пријатен разговор и топол пијалок. 

 

МИА