Во Собранието пратениците од опозицијата ќе им поставуваат прашања на премиерот и министрите

Собранието денеска ќе ја одржи првата пленарна седница по завршувањето на Локалните избори. Пред почетокот на 70. седница премиерот и министрите два часа ќе одговараат на прашања од опозициските пратеници.
На предлог на дневниот ред на 70. седница се верификација на мандат на пратеници во Собранието, предлог за именување на член на Фискалниот совет, избор на членови на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, под архивски број 08-4406/1, избор на членови на Националниот совет за високото обрзование и научно-истражувачата дејност, под архивски број 08-5175/1, предлог за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за децата, Предлогот на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Азербејџан за ослободување од визи на носителите на дипломатски и службени пасоши и Предлог на закон за ратификација на измените и дополнувањата на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка,
Во прво читање на седницата се изменувањата и дополнувањата на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението, на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за данокот на додадена вредност, на Законот за гранична контрола и Предлог на закон за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија - Скопје.
По завршувањето на 70. седница, Собранието треба да одржи продолжение на 19. седница, од чиј дневен ред преостанати за разгледување се Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година и Предлог одлуката за согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2025 година.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Творештвото на Чемерски заслужува темелно да се истражи, документира и претстави
-

Од победник на ораторски вечери до Индија на Мис на светот | Чарна Невзати | Sitel Podcast 125
-

Од следната недела се воведува 18% ДДВ на онлајн-нарачки до 22 евра
-

Поради говорот на омраза на Додик, СНСД ќе плати казна од 15.000 евра
-

Советот на Европа бара поефикасно собирање податоци за справување со сексуалната злоупотреба на децата
-

Амандманската расправа за Буџетот за 2026 продолжува утре напладне
-

Најмногу дожд на Попова Шапка, најмалку во Штип
-

Во Собранието амандманска расправа за Буџетот за 2026
