Кремљ се надева на уште една средба Путин - Трамп

Кремљ денеска соопшти дека се надева на уште една средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп штом потребните подготовки бидат завршени.
Путин и Трамп последен пат се сретнаа во август на Алјаска, каде што разговараа за можно решение на војната во Украина. Минатиот месец најавија планови за самит во Будимпешта, но Трамп го откажа велејќи дека „тајмингот“ не му се чини исправен.
На прашањето дали Москва ја пропуштила шансата и под кои услови би можело да дојде до нова средба меѓу Путин и Трамп, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им одговори на новинарите дека во овој момент не може да се предвиди кога ќе бидат исполнети тие услови.
– Иако сме, секако, сите заинтересирани тоа да се случи што поскоро, рече тој и додаде дека двете страни се согласиле дека се потребни длабоки подготовки за средбата да биде продуктивна.
– Значи, штом тие подготовки ќе завршат, а условите за самитот бидат подготвени, се надеваме дека ќе се одржи, рече Песков.
Најавувајќи го откажувањето на средбата во Будимпешта, Трамп минатиот месец повторно ја изрази својата фрустрација од рускиот претседател.
– Секој пат кога разговарам со Владимир, имам добри разговори кои потоа никаде не водат, рече тој.
Трамп на средината на октомври првпат во својот втор мандат воведе санкции против Русија поради војната во Украина, кои се однесуваат на нафтените компании Роснефт и Лукоил. Американскиот претседател вчера рече дека републиканците работат на предлог-закон со кој би се вовеле санкции за секоја земја која соработува со Русија, за што Песков рече дека Москва би можела многу лошо да го прими.
– Ќе видиме како тој закон ќе напредува и кои се деталите. Ние, секако, би заземале многу негативен став во однос на тоа, рече Песков.
Трамп веќе нагло ги зголеми царините на увоз на стоки од Индија, како причина наведувајќи го фактот дека Индија купува руска нафта, што Москва го нарече незаконски трговски притисок.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Творештвото на Чемерски заслужува темелно да се истражи, документира и претстави
-

Од победник на ораторски вечери до Индија на Мис на светот | Чарна Невзати | Sitel Podcast 125
-

Од следната недела се воведува 18% ДДВ на онлајн-нарачки до 22 евра
-

Поради говорот на омраза на Додик, СНСД ќе плати казна од 15.000 евра
-

Советот на Европа бара поефикасно собирање податоци за справување со сексуалната злоупотреба на децата
-

Амандманската расправа за Буџетот за 2026 продолжува утре напладне
-

Најмногу дожд на Попова Шапка, најмалку во Штип
-

Во Собранието амандманска расправа за Буџетот за 2026
