Македонија
14. November 2025 - 16:30

Почна собраниската расправа за буџетот 2026

Реален буџет кој ќе донесе стабилност, но и економски раст, предвиливо и одговорно управување со јавните финасии, строга фикална дисциплина за да се направи консолидација...Вака министерката за финсии Димитровска Кочоска го опиша новиот буџет за 2026 година пред пратениците. Во собранието почна расправата за најголемиот финасиски документ во државата.

Според предлогот, државната каса догодина ќе тежи рекордни 6,7 милијарди евра, 150 милиони евра повеќе од оваа година. Се очекуваат приходи од 6,1 милијарди евра. Дефицитот е околу 600 милиони евра односно 3,5 отсто што е половона процент повеќе од законскиот лимит. Очекувањата се идната година економијата да порасне за 3,8% а инфлацијата да се стабилизира на 2,5%. Во буџетот предвидени се 7% повеќе пари за плати и околу 9,7% повеќе пари за пензии. 

За опозициската СДСМ буџетот пак, воопшто не  реален бидејки приходите од даноците во буџетот не се движат според планираното, капиталните расходи паѓаат, а според нив јавниот долг не е прикажан целосно. Според нив, буџетот не е развоен туку потрошувачки.

И за опозициската ДУИ буџетот троши повеќе непродуктивно, отколку инвестициски. За интегративците проблем е што имало помалку пари за правична застапеност, но и помалку пари како што рекоа за „албанските“ региони. Фискалниот совет, како експертско тело пак, вели проекциите за раст и стабилизирање на инфлацијата се прилично реални, сепак со забелешки за јавниот долг.

Комисиската расправа за буџетот трае 10 дена, од кои најмногу 4 дена за општ претрес и 6 дена за амандмани. Потоа Владата ги вградува измените во буџетот со кои се согласила и го враќа назад во Собранието каде продолжува на пленарна седница. Таа, според најавите од претседателот на Собранието Гаши, се очекува да се одржи на 9-ти декември.