Остатоци од дронови пронајдени во Романија

Остатоци од дронови, најверојатно руски, што биле користени за гаѓање на украинските пристаништа на Дунав синоќа, се пронајдени во југоисточниот пограничен регион на Романија, објави денеска романското Министерство за одбрана.
Радарите забележале групи дронови во близина на романскиот воздушен простор кратко по полноќ, што го натерало Министерството да издаде предупредување до жителите на југоистокот.
Временските услови ги спречиле борбените авиони да полетаат, но воените тимови успеале да пронајдат, како што наведуваат, можни остатоци од дронови на околу пет километри од границата на Романија со Украина.
Нарушувањата на романскиот воздушен простор од страна на дронови станаа почести во последните месеци, бидејќи Русија почна да ги гаѓа украинските пристаништа на Дунав веднаш преку границата. Службениците изјавија дека примероците од местата каде што биле пронајдени делови од дронови личат на оние што ги користи руската војска.
Романија и Полска, обете членки на НАТО, распоредуваат нов систем на оружје за одбрана од руски дронови, по нивните упади во воздушниот простор на НАТО во последните месеци, кои ги открија ранливостите на алијансата и предизвикаа тензии во Европа.
МИА
Ново на Сител
-

Турците, Србите, Германците и Полјаците најбројни странски туристи во земјава
-

СДСМ: Кој ќе одговара за скандалот?
-

Арсовска го повикува Ѓорѓиевски на ТВ дуел
-

Коцевски за Извештајот на ЕК: Тоа се фактите, недостасуваат човечки и материјални ресурси
-

Остатоци од дронови пронајдени во Романија
-

Спроведена постапка за мајката од скопско која го малтретирала своето бебе
-

Нов инвестициски циклус во „Костал“ во 2026, ќе се инвестираат 30 милиони евра и ќе бидат отворени дополнителни 200 работни места
-

Освоена ЏОКЕР премија со 6 погодоци во вредност од 3.152.640 денари
