Македонија
9. November 2025 - 16:29

Го исполни ли Ѓорѓиевски ветувањето - чист град за 72 часа?

4 ипол илјади тони ѓубре депонирани до Дрисла. Повеќе од стотина возила и 2.500 луѓе. Ваков е исходот од досегашната акција на Ѓорѓиевски. На неколку часа пред да истече рокот да го исчисти цел град, новиот градоначалник веќе е задоволен од резултатите. За Сител вели дека градот е уреден, а ветувањето исполнето.  

- Над 4 ипол илјади тони досега се собрани и транспортирани до Дрисла, за изминатите 60 часа. Тоа е 4 пати повеќе од кој било викенд што се собирало во Скопје. Работеа над 2.500 луѓе, исклучително сум им благодарен. 

Сител и денеска направи обиколка. Специјализираните возила оперираа низ скопските улици. Најголемиот дел од контејнерите се празни, веќе нема отпад ниту надвор од нив. 

Вчеравечер службите работеа на терен за чистење на Плоштад Македонија. Акцијата продолжува и денеска со уште поинтензивно темпо. Се перат и спомениците, и мостот. 

Граѓаните велат дека акцијата е успешна, но бараат да се продолжи со ова темпо. 

- Контејнерите се празни,плошадот е чист, и градскиот парк – ќе продолжиме понатаму вака да чистиме

Оперативниот план на Град Скопје предвидува празнење на контејнерите еднаш дневно. Ѓорѓиевски најави менување на истиот, но и ригорозни казни за оние фрлаат отпад таму каде што не предвидува законот. 

- Ќе направиме попис на правни субјети, секој кафич каде треба ѓубре да фрла. 

Градоначалникот апелираше свеста кај граѓаните да биде на највисоко ниво, бидејќи во изминатиот период биле пишани и околу 40 казни. А најави дека миење и перење на улицит ќе прераснат во секојдневна пракса на службите.