Македонија
9. November 2025 - 16:26

Современиот начин на живот влијае врз младите

Младите имаат време за спорт но многу часови во денот поминуваат пред компјутери и телефони . Современиот начин на живот влиаје врз нивното секојдневие.

Во услови кога има спортски клубови на секој чекор и за речиси секој спорт, а резултатите се поразителни, тренерите посочуваат дека младите треба да се занимаваат со спорт пред се за да научат како да се соочат со предизвиците во животот.

Прекумерното седење, играње на компјутер и таблет, тешките ранци и ниската физичка активност си го земаат данокот.

Алармантни и поразителни се податоци, кај младите енормен е порастот на искривување на рбетот кој  подоцна опфаќа и други состојби и носи  низа  последици.