Постaпкa прoтив чeтворицa осoмничени зa оргaнизирaњe бoрби сo кучињa во битолско сeлo Црнеец

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело „Убивање и мачење животни“ од член 233 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Осомничените се 44-годишен посредник во организација на борби со кучиња и 43-годишник кој во дворот на семејна куќа во битолското село Црнеец подготвил заграден ринг каде се организирале борбите.
- Со постапката за истото кривично дело се опфатени и еден грчки и еден косовски државјанин кои во моментот се во бегство. Сите заедно, на 1 ноември во вечерните часови, заради користољубие, грубо злоупотребувале и изложиле на непотребни маки куче од расата „пит бул”, сопственост на осомничениот грчки државјанин, наведувајќи го да се бори со куче од расата „американски стафорд“, сопственост на осомничениот косовски државјанин. Во борбата кучето од расата „пит бул” се здобило со повреди – угризи од другото животно. Борбата ја следеле други лица од Косово, Грција и од Македонија, кај кои полициските службеници пронашле парични средства во различни апоени на евра и денари, а двајцата сопственици на кучињата во рингот веднаш по пристигнувањето на полицијата избегале од местото на настанот. Тие се идентификувани и по нив се трага, се вели во соопштението од Обвинителство.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за македонските државјани инволвирани во организација на забранетите борби. Сепак, како што информираат од Обвинителството, Судот донел решение со кое им определи мерка куќен притвор. Битолското обвинителство, најави дека ќе вложи жалба на одлуката.
МИА
Ново на Сител
-

Без вода ул. „Разловечко востание“ и „Невеска“ во Карпош
-

Потпишување договор за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на пругата со Бугарија
-

Администрацијата на Трамп досега поништи 80.000 неимигрантски визи
-

Работилница за изработка на новата стратегија за образование
-

Песков: Светот не е поблизу до нуклеарна војна отколку за време на Кубанската криза
-

Папата ја критикува американската политика кон мигрантите
-

Без струја дел од корисниците во Кисела Вода, без вода во Центар
-

Преку ден облачно со сонце, од вечер повторно дожд
