Македонија
24. October 2025 - 16:30

ИЈЗ: Стабилна е епидемиолошката состојба - нема зголемен број на болни поради отпадот по улиците во Скопје

Нема зголемен број на случаи со цревни инфекции, ниту граѓани со посериозни заразни заболувања кои ги пренесуваат муви и глодари како резултат на преполните контејнери и расфрланиот отпад по улиците во Скопје, информираа од ИЈЗ. Тие за стабилна за сега ја оценуваат епидемиолошката состојба во главниот град, но ситуацијата ќе ја следат на дневно ниво.

Од ИЈЗ денеска излегоа со општи мерки за заштита на населението меѓу кои итно собирање на отпадот од страна на комуналните служби, граѓаните и нивните миленици да избегнуваат контакт со расфрланиот смет и да одржуваат лична хигиена. Ако се во можност да носат маски и ракавици кога фрлаат ѓубре, а потоа задолжително да мијат раце. Општините да направат испирање на улиците и вонредна дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Од Институтот апелираат посебно внимателни да бидат вработените во комуналните претпријатија кои го собираат сметот. Задолжително да носат соодветна заштитна опрема.

Од ИЈЗ апелираат општините да обезбедат услови за селектирање на отпад, а граѓаните да почнат да прават селекција на сметот во посебни ќеси.