Преглед на вестите од светот
Израелската армија објави дека добила информација од Црвениот крст дека презела ковчег од Хамас во јужна Газа со она што се верува дека е тело на убиен заложник. Конвој со тело предадено од палестинската милитантна група Хамас во Газа, за кое се вели дека е на починат заложник, пристигна во израелскиот Национален центар за судска медицина во Тел Авив во понеделникот доцна вечерта. Хамас соопшти дека телото на заложникот било пронајдено вчера. Групата треба на Израел да му ги предаде телата на уште 16 заложници, согласно договорот за прекин на огнот од Шарм ел Шеик
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, исто така, треба да го посети Израел во во текот на денешниот ден, а Нетанјаху рече дека двајцата ќе разговараат за регионалните предизвици и можности.
Американски претставници во понеделник се сретнаа со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со цел да ги убедат Израел и Хамас да го вратат планот за прекин на огнот во Газа на вистинскиот пат по експлозијата на насилство во текот на викендот што се закани да го попречи примирјето старо една недела.
Обединетите нации изразија „загриженост“ по избувнувањето на крваво насилство во Појасот Газа и ги повикаа „сите страни целосно да ги почитуваат своите обврски“.
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази скептицизам во врска со можноста Украина да ги поврати своите територии што ги освои Русија во војната, пренесува Гардијан од средбата со австралискиот премиер Ентони Албанезе. Скептицизмот на Трамп во врска со украинската победа доаѓа неколку дена по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа.
Во таа прилика, Трамп се чинеше понаклонет да преговара за мировен договор отколку да ја снабдува Украина со крстосувачки ракети Томахавк со долг дострел.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар