Преглед на вестите од светот
Трамп вечерва е домаќин на Зеленски во Вашингтон. Клучна тема на разговрите е барањето на Украина за снабдување со ракети со долг дострел Томахавк, кои укрианската војска би го користела да гаѓа цели длабоко во руска територија. Средбата Трамп - Зеленски по синоќешниот телефонски разговор помегу Трамп и Путин, при што се договориле за нова стредба до крајот на октомври во Будимпешта, за да разговараат за крај на војната во Украина
- Би рекол во рок од две недели, прилично брзо. Марко Рубио ќе се сретне со својот колега, како што знаете, Лавров, и тие ќе се сретнат наскоро. Тие ќе закажат време и место многу наскоро изјави Доналд Трамп, претседател на САД
Новинар: Дали претседателот Путин се обиде да ве одврати од продажба на ракети „Томахавк“?
Па, што мислите дека ќе каже? „Ве молам, продајте ги Томахавците“. Ве молам, продајте ги тие Томахавци. Навистина го ценам тоа“. Всушност, реков: „Дали би имале ништо против да им дадам неколку илјади Томахавци на вашите противниви? “ Му го кажав тоа. Едноставно така го кажав. Не му се допадна идејата. Навистина не му се допадна идејата, истакна Трамп.
- Па, што мислите дека ќе каже? „Ве молам, продајте ги Томахавците“. Ве молам, продајте ги тие Томахавци. Тоа е злобно, офанзивно, неверојатно деструктивно оружје. Никој не сака Томахавците да бидат испукани кон него.
Кремљ обајави дека Путин го предупредил Трамп дека испораката на такво оружје ќе ги наруши руско –украинскиот мировен процес и односите помеѓу САД и Русија.
- Владимир Путин го повтори својот став дека „Томахавците“ нема да ја променат ситуацијата на бојното поле, но ќе предизвикаат значителна штета на односите меѓу нашите земји, а да не зборуваме за перспективите за мирно решавање. Трамп, секако, спомена дека утре ќе се сретне со Зеленски, а исто така рече дека за време на средбата со Зеленски, секако ќе ги земе предвид размислувањата изразени од рускиот претседател за време на нивниот телефонски разговор денес, изјави Јури Ушаков, советник за надворешна политика на претседателот на Русија.
Унгарискиот премие изјави дека веќе почнале со подоготовките за средба на првите луѓе на САД и Русија.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва ќе се сретне со своите најблиски советници за да разговараат за можните одговори на она што израелските власти го нарекуваат прекршување на договорот за примирје од страна на Хамас, бидејки групата сè уште не ги вратила телата на 19 заложници. Хамас тврди дека досега ги предал сите тела што можел да ги најде. , “. Од 28-те заложници за кои се знае дека починале во заробеништво, Хамас досега предал девет тела откако примирјето стапи на сила пред една недела. Според израелските медиуми, израелските власти им ги доставиле на Египет, Катар и Турција точните координати на локациите каде што, според нивните информации, се наоѓаат телата на заложниците.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар