Македонската фудбалска репрезентација го пречекува Казахстан во претпоследниот квалификациски меч за СП 2026
На Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје вечер од 20:45 часот, македонската фудбалска репрезентација е домаќин на Казахстан.
Овој натпревар е претпоследен за двете селекции во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.
За „црвено-жолтите“ мечот има големо значење, бидејќи со победа ќе ги задржат шансите за пласман на Мундијалот.
Голманот Столе Димитриевски, очекува голема поддршка од трибините и уверува дека тимот размислува само за победа.
-Нашата цел е јасна, да излеземе на терен и да победиме. Очекувам голема поддршка од навивачите, се надевам дека ќе бидат во што поголем број на стадионот за да ни дадат дополнителна сила. Секако дека постои разлика меѓу Белгија и Казахстан, но тоа не значи дека ќе биде лесно. Со помош на публиката верувам дека ќе стигнеме до поволен резултат, а тоа, секако, е победа за нас, изјави Димитриевски на прес-конференцијата пред утрешниот меч.
Во групата Ј македонската репрезентација е лидер со 12 бода, Белгија има 11 и натпревар помалку, Велс е трет со 10 исто така со натпревар помалку, Казахстан има шест, Лихтештајн е без освоен бод.
Ново на Сител
-
Трагедијата од Кочани ја зема својата 63-та жртва: Почина првоосомничениот полициски инспектор Владо Петров
-
Најголемиот саем за технологија во светот, Gitex Global, доаѓа во Југоисточна Европа, а домаќин ќе биде Белград!
-
Јужна и северна распродадени на пет часа пред Македонија - Казахстан, останати карти само за западната трибина
-
ЕУ најави проширување на европските фабрики за вештачка интелигенција во Северна Македонија и Србија
-
Д-р Јован Божиновски нов директор на Клиниката за неврологија
-
Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори
-
ЕСМ: Од 15 октомври започнува грејната сезона во Скопје
-
Поевтинуваат горивата