Од денеска нови правила за влез во земјите од Шенген зоната
Од денеска нови правила за влез и излез во земјите членки на Унијата. Патниците кои влегуваат од земја која не е членка на Шенген зоната, како Македонија, ќе мора да се регистрираат на дигиталниот ЕЕС систем.
При првото патување, на аеродром или на граничен премин, се пополнува документ со лични податоци. Потоа граничната полиција зема биометриски отпечатоци.
При следното патување, системот автомаски ве препознава и ќе знае кога сте влегле и излегле од Шенген, а со тоа и дали се прекорачува дозволениот престој од 90 дена. Дигитализацијата полека ќе се спроведува, во следните 6 месеци. За почеток само со 10% од капацитетите.
Македонците кои денеска се враќаа од Брисел и Виена не поминаа низ ЕЕС системот. Велат дека немало застој и не пополнувале никакви формулари.
Процедурата е едноставна. Трае неколку минути, со што не се очекуваат поголеми застои на граничните премини. Отпечатоци не се земаат за лица под 12 години.
- Едноставно, чинат две до четири минути за да се регистрираме, а тоа овозможува движење низ границите во период од три години. Воведувањето ќе трае приближно шест месеци бидејќи од овој викенд очекуваме поставување на само околу 10% од киосците.
Тоа е огромна инвестиција во однос на инфраструктурата и обуката што треба да се спроведе. Значи, сепак ќе одите на аеродроми и на железнички станици, а можеби ќе ви стават печат во пасошот.
Новите правила ќе се применуваат во 29 европски земји. Од следната година, македонските граѓани кога патуваат во Европа ќе мора да го користат и ЕТИАС - електронското овластување, каде однапред ќе треба да се регистрираат преку апликација и да платат такса од 20 евра.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар