Настава на далечина следат 30 основци кои се на подолго болничко или на домашно лекување
Триесет ученици кои се подолго од три недели на болничко или на домашно лекување, од 1 септември активно ја следат наставата од далечина. Дел од нив се вклучени онлајн на часовите заедно со соучениците, додека со дел од нив наставниците одржуваат индивидуална настава користејќи ги алатките што вообичаено се употребуваат за настава на далечина, како платформите ЕДУИНО и nastava.mk.
Министерство за образование и наука од почетокот на новата учебна година, во соработка со Министерството за здравство и НВО САНО – Здружение за поддршка на децата заболени од канцер, воведе формално образование во здравствените установи и во домашни услови, односно секој ученик кој е хоспитализиран или е на лекување во домашни услови подолго од три недели, може од далечина да ја следи наставата во своето одделение или, пак, наставникот со него да организира индивидуална настава.
- Системска мерка која во минатото не постоеше, сега е уредена во закон и со подзаконски акти. Ниту еден ученик нема, ниту смее да биде лишен од образование само затоа што се лекува. Здравствената состојба не значи изолираност, прекин на образованието или заборавеност, туку напротив, болеста е предизвик, а општеството е обврзано да им даде поддршка и надеж. Со инвестирање во нивното знаење, инвестираме во една поправедна, поемпатична и посилна иднина, информира МОН.
Пред почетокот на учебната година, на промовирањето на проектот, министерката Весна Јаневска изјави дека досега кон овие дечиња биле направени сериозен пропуст и дискриминација, а дека со ова системско решение „се покажува дека не станува збор за нерешлив проблем“.
Министерството во соопштението денеска упатува благодарност до наставниците кои се вклучени во реализација на наставата за овие ученици, за нивната пожртвуваност и посветеност, како и благодарност до родителите/старателите на учениците за поддршката и активното учество во успешното спроведување на овој процес.
МИА
Ново на Сител
-
Кривична за злоупотреба на службената положба и овластување, го оштетил буџетот на МВР за 116.748 денари
-
Приведен 27-годишен тетовец, им се заканувал со пиштол и нож на полициски службеници
-
Кривична против 51-годишник од Скопје, со огнено оружје пукал кон едно лице и му нанел тешки телесни повреди
-
Приведени возачи во Куманово, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената
-
Пронајдени телата на тројцата хрватски планинари загинати во лавина во Словенија
-
За еден месец 161 санкција за непрописно затемнување на стаклата на возилата
-
Приватните автобуси во 10 утрово ги паркираа автобусите
-
Репортажа: Една поинаква мистична Турција - Низ срцето на Анадолија со богатства под заштита на УНЕСКО