Македонија
6. October 2025 - 12:51

Фон Дер Лајен следната недела во Скопје, Австрија и Словенија ќе се залагаат за квалификувано мнозинство

Следната среда во Скопје пристигнува шефицата на европската комисија Урсула фон дер Лајен. Иако агендата не се соопштува, ќе се сретне со целиот државниот врв. Посетата доаѓа во време кога македонската влада најави дека по завршувањето на изборите и стартот на новата година ќе се интезивира дијалогот со официјална Софија.

Во пресрет на доаѓањето на Фон Дер Лајен, министерката за Европа на Австрија која е во официјална посета на Македонија најави дека Австрија и Словенија, заедно со Германија и Италија иницираат до Европската комисија промена на процесот на одлучувањето за пристапувањето на земјите кандидатки и тоа со употреба на квалификувано мнозинство за техничките меѓучекори, а едногласност за почетокот и крајот на преговорите. Квалификуваното мнозинство за технички прашања во преговорите ќе спречи натамошни билатерални блокади. 

И словенечката државна секретарка во Министерството за надворешни и европски прашања кој е во посета на Скопје,порача дека процесот на проширување мора да се забрза.