Преглед на вестите од светот
Македонија е подготвена да и помогне на Бугарија во справување со последиците од поплавите. Бугарскиот претседател Радев објави дека вчера имал телефонски разговор со претседатеката Гордана Сиљановска Давкова
Благодарност до претседателката Гордана Сиљановска Давкова за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за декларираната подготвеност на Македонија да обезбеди поддршка за справување со последиците од невремето – објави шефот на бугарската држава преку социјалните мрежи
Спасувачките екипи утрово ја пронајдоа и 4та жртва во стан во одморалиштето Елените. Според бугарските медиуми станува збор за руска државјанка. Активностите за спасување во најпогодените региони и натаму траат, доброволци, воени и социјални тимови работат на расчистување на патиштата и обезбедување на населението. Во општините Бургас, Царево и Несебар е прогласена вонредна состојба.
Израел и Хамас се очекува утре да започнат преговори со посредници со цел да се стави крај на двегодишниот конфликт. Египет, клучен посредник во мировните разговори, ќе биде домаќин на делегациите од двете страни кои ќе разговараат за можна размена на израелски заложници за палестински затвореници.
Во Египет патуваат и Специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Ден пред стартот на преговорите, израелскиот премиер го поздрави договорот што се оформува, но предупреди дека сè уште не е конечен.
„Се надевам дека во наредните денови, за време на празникот Сукот, ќе можеме да ја објавиме дека сите наши заложници се вратиле, живи и мртви, во едно единствено ослободување,“ изјави Нетанјаху
Но и покрај притисокот на Трамп, Израел да запре со воздушните напади врз Газа, властите и утрово информираат за најмалку 36 убиени лица во нови напади.
Најмалку пет лица загинаа во масовен руски напад во Украина во текот на ноќта.
Зеленски тврди дека руските сили испукале повеќе од 50 ракети и речиси 500 дронови. Поради масовниот напад, полските вооружени сили објавија дека ставиле во готовност воздушна одбрана и распоредиле борбени авиони за заштита на својот воздушен простор, особено во близина на украинската граница.
Русија во поселдните денови ги интензивираше нападите врз енергетската инфраструктура на Украина, а викендов го спроведе најголемиот напад досега на украинската гасна мрежа. Вчерашните напади предизвикаа прекин на снабдувањето со електрична енергија за околу 50.000 домаќинства во северниот регион Чернигов
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар