Македонија
3. October 2025 - 16:33

Петти ден кампања во албанскиот политички блок

Решавање на дивоградбите и сите проблеми кои тие ги создаваат за жителите беше денешниот фокус во претставувањето на предизборната програма за кандидатот на коалицијата околу ДУИ во општина Чаир. Констатираше дека во општината владее безредие и најави одлучна борба против урбаната мафија.

Неговиот најсериозен противкандидат од Вреди денеска своето внимание го посвети на пензионерите. Заклучи дека со растот на пензиите тие живеат значително подобро и најави инвестиции за подобрување на условите во пензионерските клубови.

Кампањата на кандидатите од албанскиот политички блок продолжува и денеска со средби со граѓани и собири во повеќе населени места.