Коцевски: Објавени се само дел од пораките, се истражуваат и други лица и институции
За Кочани се води предистражна постапка и за други лица, а има уште десетина инкриминирани дејствија, вели републичкиот обвинител Љупчо Коцевски. Покрај пораките на инспекторите на УЈП со сопственикот на дискотеката има уште многу пораки кои се предмет на истрага. Кои се лица и институции се опфатени во предистрагата, Коцевски не смее да објави, меѓутоа тврди дека јавните обвинители нема да пропуштат ниту едно дејствие.
За пораките на инспекторите и газдата на Пулс знаело обвинителството и судот и МВР, а биле пратени и до адвокатите.
Изјава- Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител
Коцевски нема да ги коментира политичките изјави на премиерот дека не е задоволен од неговата работа, вели работел чесно, законито и професионално. Дали очекува непристрасно судење со оглед на тоа што инспекторот од УЈП кој се допишувал со газдата на Пулс, е брат на в.д претседателката на Кривичниот суд, Коцевски вели судот е надлежен за тоа, тие како Обвинителство, за рекордно време поднеле обвинение.
За случајот кој се води во Обвинителството за организиран криминал за полицајците поврзани со пожарот, според обвинителот постапката трае подолго бидјеќи има дефицит на обвинители, а на тој случај работи само еден обвинител. Очекуваат наскоро да биде поднесено обвинение и за нив.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар