Седумнаест случаи на труење од штипска сендвичира, кај дел од нив изолирана салмонела
Се зголемува бројот на деца и вработени од штипско средно училиште, кои имаат симптоми на труење по јадење на сендвичи во блиската сендвичарница. Епидемилиогот, Светлана Живкова за МИА изјави дека до денеска имаат регистрирано 17 лица со симптоми на труење, со што бројката од вчера е зголемена за дополнителни 15 ученици и вработени во штипското училиште.
-До сега се регистрирани 17 случаи, кај дел од нив од измет е изолирана „Salmonella enteritidis“. Земени се 35 примероци од храна, вработени и работни површини и се пратени во лабараторија на Институтот за јавно здравје во Скопје, вели Живкова.
Таа додава дека резултатите од земените примероци се уште се чекаат.
МИА претходно информираше дека сендвичарата е затворена и земени се примероци од храната и работните површини и извршен е и санитарен преглед на сите вработени, како и нивна едукација. Мајка на дете кое заврши на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип изјави дека симптомите на труење нејзиното дете ги има добиено по консумирање на сендвичи со пилешки стек и пржени компири.
МИА
Ново на Сител
-
Генералниот секретар на ОН го поздрави мировниот план на Трамп
-
УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани
-
Истрага против тројца турски државјани, му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат
-
РКЕ: Прекин на испораката на гас
-
Шикорски не ја исклучува можноста Путин да го нападнe НАТО
-
Косовец крадел струја за својот продажен објект во Карпош
-
Обвинетиот за убиството на Чарли Кирк ќе бара прелиминарно сослушување
-
Мотоциклист удрил во 76-годишна жена и тешко ја повредил