Русија се повлекува од Европската конвенција против тортура
Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша законот со кој се повлекува од Европската конвенција за спречување на тортура, може да се види на веб-страницата на руската Влада.
Рускиот парламент претходно гласаше за повлекување од договорот, што Москва го ратификуваше во 1998 година.
Според законот усвоен од парламентот, повлекувањето на Русија од Конвенцијата е одговор на Советот на Европа, кој одби да назначи руски претставник во комитетот што ја надгледува конвенцијата против тортура.
Украина минатиот месец ја критикуваше Русија по објавувањето на овој чекор, коментирајќи дека предлогот е премолчено признавање на вината на Москва.
Комисијата на Обединетите нации за Украина во март објави дека „широко распространетите и систематски“ присилни исчезнувања и тортура на Украинците од страна на Русија за време на војната во Украина претставуваат злосторства против човештвото.
Холандија и 40 други земји-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, исто така, повикаа на независна истрага за наводите за тортура и малтретирање на украински воени затвореници од страна на руските сили.
МИА
Ново на Сител
-
Истрага против тројца турски државјани, му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат
-
РКЕ: Прекин на испораката на гас
-
Шикорски не ја исклучува можноста Путин да го нападнe НАТО
-
Косовец крадел струја за својот продажен објект во Карпош
-
Обвинетиот за убиството на Чарли Кирк ќе бара прелиминарно сослушување
-
Мотоциклист удрил во 76-годишна жена и тешко ја повредил
-
Полицаец ги казнил за сообраќаен прекршок, па му упатиле закани по живот преку социјална мрежа
-
17-годишник од Скопје пробал да го убие својот татко со остар предмет