И помалите партии со теренски активности за локалните избори
Со герила акција пред АВМУ, Левица ја почнува трката за претстојните избори. Во знак на протест пред Агенцијата, членовите оставија торбица со импровизирани пари и телевизор. Ваквата реакција доаѓа по одлуката оваа партија да остане без платена реклама на изборите.
Со фокус на инфраструктурни проекти кампањата ја стартуваше и Александар Трајановски, кандидатот за градоначалник за Скопје на коалицијата Искуство за успех. Најави изградба на улица која ќе ги поврзе мостот на улица Љубљанска со клучката на улица Скупи.
Стевчо Јакимовски, кој по петти пат ќе трча за градоначалничкото столче во Карпош, им порача на граѓаните да гласаат за лица кои знаат да решаваат проблеми.
Функционални, а не блокирани мостови како овој на Љубљанска. Професорот Горан Марковски, кој е кандидат за градоначалник на Скопје на Независни заедно, најави дека ако добие мандат, фокус ќе става на безбеден сообраќај за сите учесници.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар