Македонија
28. September 2025 - 16:41
Вандализиран муралот на Мајка Тереза
Граѓаните кои денот го поминаа во Градскио парк во Скопје беа згрозени од начинот на кој е вандализиран муралот со ликот на Мајка Тереза на Школка.
Најверојатно во текот на ноќта непознати лица исцртале марама преку устата и ликот на светата Мајка Тереза.
Се работи за марама со детали од уличната урбана култура.
Дури и потегот да има за цел да испрати некаква порака до општеството, граѓаните со кои беше разговарано велат дека потегот е навредлив и повикаа надлежните веднаш да реагираат.
Муралот со ликот на Мајка Тереза и Камениот мост до неа беше насликан во август 2023 година.
Оттогаш до денес на Школка се одржале голем број хуманитарни и промотивни настани.
-->
-->