Македонија
18. September 2025 - 16:33

„Приказната за Силјан“ - македонски кандидат за Оскар

Документарецот „Приказната за Силјан“ е македонскиот кандидат за Оскар. Режисерката Тамара Котевска на денешната прес-конференција кажа дека овој документарец и бил доказ дека најдобро знае да раскаже приказна за својата држава.

Иако имало повеќе финансиски препреки на почетоците на неговото создавање, сепак успеале во мисијата.

Котевска веќе имаше голем успех како коавтор на Медена земја која во 2020-та година имаше две номинации за Оскар.