Преглед на вестите од светот
Израелската армија утрово нареди целосна евакуација на градот Газа во Појасот Газа дом на околу еден милион Палестинци. Согладно наредбата, итно треба да го напуштат градот преку коридорот Ал Рашид и да се упатат кон хуманитраната зона во Ал Маваси. Премиерот Нетањаху дециден - Решени сме да го поразиме Хамас и да ги вратиме заложниците дома.
-Ви ветив пред неколку дена дека ќе ги срушиме кулите на теророт во Газа и токму тоа го правиме. Во изминатите неколку дена, воздухопловните сили срушија 50 такви кули. Сега сето ова е само вовед, „Сифта“во моќниот главен чин, што е копнен маневар на нашите сили кои сега се собираат и организираат, во градот Газа. И затоа им велам на жителите на Газа, ја користам оваа можност, слушајте внимателно: предупредени сте. Заминете сега, изјави Бенјмаин Нетањаху, премиер на Израел.
Ова е првпат Израел да повика на евакуција на цел град од почетокот на конфликтот на 7 октомври 2023 година.
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе именува нов премиер во наредните денови, соопшти Елисејската палата, откако францускиот парламент му изгласа недоверба на премиерот Франсоа Бајру. Меѓу можните наследници се споменуваат министерот за правда Жералд Дарманен, министерката за здравство Катрин Вотрен и министерот за финансии Ерик Ломбар.
Премиерот Бајру побара гласање за доверба, со цел да добие поддршка од пратениците за неговиот буџетски план за штедење со цел намалување на јавниот долг. Но опозициксите партии не застанаа зад неговите планирани заштети од 44 милијради евра во буџетот за следната година. Гласањето заври до 364 гласа против и 194 за.
Политичката криза се случува во време кога Франција се соочува со сериознои економски предизвици, вклучувајки го и најголемиот буџетски дефицит во еврозната. Јавниот долг достигна 114 проценти од БДП на крајот од првиот квартал од 2025 година. Нестабилноста предизвикува нервоза кај инвеститорите и старв од нова долниќка криза во Европа.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос жестоко реагираше на изјавата на спрскиот претседател Александар Вуќик кој членовите на Европскиот Парламент кои присуствуваа на протестот во Нови Сад во петокот ги нарече олош.
-Имаме проблем во Белград. Кога европратениците се навредуват на таков начин тоа открива сомнително разбирање на демократијата и дополнително го нарушува меѓународниот углед на Србија, изјави Кос по средбата со шефицата на австриската дипломатија Беате Мајнл Рајзингер.
Кос ја советуваше српската влада да се поствети на реформите во правосудството, борба против корупцијата, независните медиуми, на изборниот законик. Паралелно, петмина највисоките претставници на Европската зелена партија упатија писмо до шефицвата на ЕК, претседателот на Европскиот совет и претдеатслкаата на ЕП барајки од институциите на ЕУ јавно да го осудат однесување на Вучиќ.
Тие предупредуваат дека неговите навреди и закани за кривично гонење на демонстрантите претставуваат директен напад врз демоктарските вредности. За протестите во Србија и употребата на сила против демонстрантите се дискутираше и на денешната пленарната седница на Европскиот Паралмент.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар