Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги
Недостигот од ИТ квалификуван кадар за подршка на електронските услуги кои ги нудат институциите, поради што овие активности ги реализираат со економски оператори, но и недоволната промоција и слаба искористеност не е-услугите се дел од предизвиците со кои се соочува министерството за дигитална трансформација но и едни од забелешките на ревизорскиот извештај минатата година.
Инжинери се секаде потребни, како во приватниот сектор така и во државните институции, дециден е министерот за дигитална трансформација Андоновски, кој истакна дека и со овие ресурси постигнуваат резултати во минатото порталот за услуги имал 120 илјади корисници, денес има 190 илјади .
Инаку денеска во Охрид беше промоворан порталот uslugi.gov.mk кој нуди повеќе од 200 електронски услуги зa граѓаните и вкупно 300 електронски услуги заедно со други портали. Овој тип на промотивни активности, промоции и едукативни дружења според најваите ќе продолжи во сите градови низ државата.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар