Loading Video...
Свет
20. August 2025 - 16:37

Русија ги намали очекувањата за скорешна средба Путин - Зеленски

Соединетите држави нема да распоредат  војници на украинска територија како дел од мировен догвор за завршување на  руско-украинската  војна. Можеби ке обезбедиме воздушна поддршка откри Трамп во интевју за Фоск Њуз.

- Кога станува збор за безбедноста, тие (европските лидери) се спремни да испратат луѓе на терен. Ние сме спремни да им помогнеме со работи, особено ако зборуваме  за воздушен пат  бидејќи никој нема такви работи како нас, всушност тие немаат, изјави Доналд Трамп , претседател на САД. 

 Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе ја предводи работната група која ќе изработи предлог за безбедносни гаранции за Украина. Рубио ке соработува со европските советници за национална безбедност на предлог со кој би и се гарантирала одбрана на Украина  како дел од договор за завршување на војната. 

- „Време е да ја забрзаме нашата практична работа за да воспоставиме гаранција слична на член 5 на НАТО со континуирано ангажирање на Соединетите Држави. Коалицијата на доброволци треба да остане тесно вклучена во овој процес. Украинските вооружени сили ќе бидат првата линија на одбрана. Затоа мора да ја зајакнеме и деблокираме нашата воена поддршка за Украина, изјави Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет. 

Трамп се надева дека  рускиот претседател Владимир Путин ќе продолжи по патот кон завршување на војната, но предупреди дека можеби Москва нема да сака да склучи договр.

- Ќе дознаеме за претседателот Путин во следните неколку недели. И ќе видиме како ќе оди се. Можно е тој да не сака да склучи договор. Се надевам дека претседателот Путин ќе биде добар. А ако не е, ќе биде тешка ситуација. И се надевам дека претседателот Зеленски ќе го направи она што мора да го направи, односно да покаже и одредена флексибилност, рече Трамп. 

И додека шефот на Белата куќа се обидува во блиска иднина да ги седне на иста  маса Путин и Зеленски, Кремљ ги намали надежите дека средбата наскоро ќе се случи.

- Не одбиваме никаква форма на работа, ниту билатерална ниту трилатерална. Претседателот постојано го повторуваше ова. Чекор по чекор, постепено, почнувајќи од експертско ниво, а потоа поминувајќи низ сите потребни чекори за да се подготват самитите. Ова е видот на сериозен пристап што секогаш ќе го поддржуваме, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија. 

Како можни локации за потенцијалнот самит  Путин -Зеленски се споменуваат повеќе градови, меѓу кои Женева, Виена, Будимпешта и Доха.