Предизборни превирања во ДУИ и ВРЕДИ
Опозициските албански партии немаат основ да бараат ВРЕДИ да излезе од владејачката коалиција поради дискриминирање на албанците, бидејќи според вицепремиерот Меџити, кога тие биле на власт животот на албанците бил уште потежок.
Откако ДУИ тврдеше дека членови на ВРЕДИ масовно излегуваат од коалицијата, Меџити денеска им возврати дека на ДУИ коалиционите партнери секојдневно ги напуштаат. Последно ДПА ја напушти коалицијата со Ахмети, а денеска соопштија дека нема ни да учествуваат на локалните избори, кои според нив се маскарада. Лидерот на ДПА, Тачи соопшти дека нема да продолжи ниту политичкиот однос ниту соработката со Ахмети.
Нема да имаме кандидати на овие избори. Господинот Ахмети свесно влезе и зеде како сојузници, двајца заколнати непријатели на ДПА, кои не штедеа ништо за да ѝ наштетат на оваа партија. Собранието на партијата заклучи дека соработката со Ахмети и со ДУИ е целосно невозможна“.
Денеска пак коалицијата на ДУИ реши да се ребрендира- од Европски фронт се преименуваа во “Национална алијанса за интеграција”, и под ова име ќе настапат на локалните избори.
Живееме во тешки времиња и ние, Албанците, сме сè помалку почитувани од сегашната влада, која нема никаков етнички легитимитет на Албанците. Но, иако времињата се тешки, ние во ДУИ никогаш не ја забораваме европската дестинација до која сакаме да стигнеме, стои во објавата на Ахмети на фејсбук.
Според Меџити, коалицијата на ДУИ постојано ги менува имињата и коалицира со партии со кои жестоко војувала.
Пред ребрендирањето, Европскиот фронт го напушти партијата на Турците која самостојно ќе настапи на изборите, како и ДПА на Тачи која воопшто нема да оди на избори.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар