Германскиот канцелар го повика Путин да започне сериозни преговори со Трамп на Алјаска
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика рускиот претседател Владимир Путин да започне сериозни преговори пред неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска, јави ДПА.
„Очекуваме претседателот Путин сериозно да ја сфати понудата на претседателот Трамп за разговори и да започне преговори со Украина без предуслови по средбата во Алјаска“, рече Мерц во соопштение објавено денеска.
Повеќе од три години по руската инвазија врз Украина, со која го прекрши меѓународното право, Москва сега има можност да се согласи на прекин на огнот и да ги прекине непријателствата, рече канцеларот, пренесен од германската агенција.
Трамп би можел да направи „значаен чекор кон мирот“ на разговорите, што денеска треба да се одржат во Енкориџ.
Мерц нагласи дека Украина мора да учествува на секој следен состанок.
„Таму мора да се договори прекин на огнот“, рече тој, додавајќи дека територијалните прашања можат да се решат само со согласност на украинската страна.
Канцеларот се осврна на идејата за можна територијална размена што ја предложи Трамп и рече дека ќе остане во контакт со американскиот претседател за ова прашање.
Средбата во воздухопловната база во близина на градот Енкориџ е прва меѓу Трамп и Путин откако Русија ја започна својата целосна инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година. Трамп се надева дека ќе постигне крај на војната, иако Путин досега не покажа знаци на повлекување, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-
Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар
-
Коенигсег Џеско го победи Римак и си го врати рекордот за брзина за хиперавтомобили
-
Светот беше на чекор до победа над детската парализа, сега се заканува нејзино враќање
-
Германскиот канцелар Мерц ги поздрави напорите на Трамп за крај на војната во Украина
-
Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед