Македонија
26. July 2025 - 12:12

УХМР: Денеска до 43, од утре и следната недела пониски температури, нестабилност со пороен дожд и грмежи

По неколкудневното сончево и многу топло време со високи темоератури што надминуваат 43 степени, УХМР од утре најавува намалување на температурите под 38-от степен и локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник. 

За денеска повторно се најавува температура во интервал од 36 до 43 степен. Во Скопје температурата ќе достигне 43 степени, а УВ индексот ќе изнесува девет. 

Утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен
дожд и грмежи. Од понеделник ќе настапи позначителна промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно, нестабилно и посвежо време со услови за повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со грмежи, особено во вторник.

Дневната температура ќе биде во опаѓање и до средината на следната седмица се очекува да опадне за 8 до 10 степени во споредба со денешната.

 

МИА