Македонија
2. July 2025 - 16:45

Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал

На улицата каде што секојдневно поминувал, пред зградата во која живеел со години, токму тука вчера загина маж откако беше прегазен од мотор, на само неколку чекори од неговиот дом, под неговиот прозорец.

Чичко Југо, како што го нарекоа соседите со кои разговаравме, излегол вчера да фрли ѓубре во приквечерието, но на пат накај дома на пешачката патека која е под неговиот прозорец е удрен од мотор, модел Кавасаки. Од силниот удар и повредите тој починал во болница. 

Првата реакција на сите соседи кога слушнале силен удар, се јавувале или се симнувале пред зграда да видат дали е повреден некој од нивните блиски. 

На пешачката патека која по самото име кажува за кого е наменета, поминуваат мотори, автомобили дури и камиони. Многу пати пријавувале до надлежните, но ништо не било преземено со години. 

Соседите велат не се чувствуваат безбедни ниту децата пред зграда да ги пуштат. Во паркот на франкофонијата кој е на десетина метри секоја вечер има по 30тина деца кои си играат. Чичко Југо за кој како што велат бил еден од најдобрите соседи, бил жртва на нефункционалноста на институциите.

Од МВР се уште трагаат по возачот на моторот. Се возеле двајца, но од ударот едниот паднал, а возачот побегнал.