-->
-->
19-годишна радовишанка со 2,23 промили алкохол во крвта направила сообраќајка, па побегнала
-->
На 29.06.2025 во 06.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишиле од слобода Т.К.(19) од Радовиш. Taa на ул. „Самоилова“ во Радовиш, управувајќи моторно возило предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот, а по преземени мерки било утврдено дека возилото го управувала под дејство на алкохол, односно дека има 2.23 промили во крвта, соопшти МВР.
Т.К. е задржана во Полициската станица Радовиш, а по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Клековски: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги нема, има соодветна замена
-
Струмичанец пронајден починат на паркинг во Центар
-
Маж нападнат од својата партнерка на паркинг во Кисела Вода
-
25-годишник со „мерцедес“ излетал од патот, тешко повреден 18-годишниот сопатник
-
Земјотреси со јачина од 3,9 и 4,2 степени според Рихтер во северозападна Турција
-
Нетанјаху го потврди патувањето во Вашингтон
-
Јаневска: Задоволна сум што и годинава се полнат средните стручни училишта
-
Дебар и неколку населени места утре шест часа без струја