Македонија
24. јуни 2025 - 12:17

Голем број лица гинат во сообраќајни несреќи

Голем број лица годишно гинат во сообраќајни несреќи. По стравичната незгода во Охрид во која 21 годишно лице од прилепско без возачка дозвола смртно на пешачки прегази 44 годишна жена полицијата го вклучи алармот. Најавуваат засилени полициски контроли и нула толеранција кон оние кои возат повеќе од дозволената брзина ,управуваат под дејство на алкохол или наркотици.

Од СВР Охрид велат дека отсекот за превенција од почетокот на годината има преземено преку 100 сообраќајно превентивни кампањи  се со цел да се  елиминираат сообраќајните незгоди и да  се постигне еден повисок степен на сообраќајна безбедност.

Според податоците на полицијата  само во првите 5 месеци од годинава биле поднесени  околу 3.000 прекршочни и 7 кривични пријави за сообраќајќни несреќи  со тешки телесни повреди или жртви.