Македонија
11. јуни 2025 - 16:45

Македонија и Унгарија со засилена воена соработка

Унапредување на билатералната воена соработка, размена на искуства во доменот на специјалните сили, како и трансформацијата и модернизацијата на Армијата беа во фокусот на средбата меѓу началникот на Генералштабот на Армијата на Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, и неговиот унгарски колега, генерал Габор Беренди, кој е во официјална посета на државата.

Во текот на посетата беа презентирани и плановите за понатамошна модернизација и трансформација на Армијата.

На Генералот Беренди, во Охрид на средбата му беше понудена и можноста унгарските сили да користат дел од обуките на армискиот полигон „Криволак“.