Македонија
11. јуни 2025 - 16:42
Владата додели национални признанија на 19 спортисти за врвни достигнувања во спортот
Владата им додели Национални признанија за врвни достигнувања во спортот на 19 истакнати спортисти од екипни спортови.
Според последните измени во Законот за спорт, ова признание се доделува на македонски државјани кои имаат освоено златен медал или прво место на официјално европско или светско сениорско клупско првенство во екипни олимписки спортови, како и на оние што поставиле европски или светски рекорди на официјални меѓународни натпревари.
Покрај признанието спортистите ќе добијат и спортска пензија
-->
-->