Преглед на вестите од светот
Нов предлог за примирје во појасот Газа
При израелските воздушни напади во понеделникот се убиени најмалку 45 Палестинци, соопштија локалните медицински лица. Израел ги засили воените операции во енклавата на почетокот на мај, велејќи дека се обидува да ги елиминира воените и управувачките способности на Хамас и да ги врати преостанатите заложници кои беа запленети во прекуграничниот напад на Хамас во октомври 2023 година.
Во меѓувреме Хамас се согласи со предлогот на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф за прекин на огнот во Појасот Газа, изјави неименуван палестински претставник. Новиот предлог предвидува ослободување на 10 израелски заложници во замена за 70 дена примирје, делумно повлекување од Појасот Газа и ослободување на одреден број палестински затвореници.
Предлогот предвидува ослободување на пет израелски заложници во првата недела од договорот и уште петмина пред крајот на примирјето. Друг неименуван извор посочи дека Хамас и Израел го разгледуваат предлогот и оти ќе одговорат преку посредниците
СЗО: Поголемиот дел од залихите на медицинска опрема се потрошени во Газа, недостиг на основни лекови
Поголемиот дел од залихите на медицинска опрема се потрошени во Газа, додека 42 отсто од основните лекови, вклучувајќи ги и лековите против болки, се распродадени, соопшти Светската здравствена организација.
„Моментално немаме залихи за приближно 64 проценти од медицинската опрема, 43 проценти од основните лекови и 42 проценти од вакцините“, изјави Ханан Балки, регионален директор на Светската здравствена организација за
Источен Медитеран. Балки додаде дека СЗО има 51 камион со помош што чекаат на границата со Газа и се уште не добиле дозвола за влез во палестинската енклава, каде што Израел минатата недела ја ублажи целосната блокада на помошта воведена во почетокот на март.
50 повредени откако автомобил влета во топлата луѓе кои ја прославуваа шампионската титула на Ливерпул
Автомобил влета во толпата навивачи на Ливерпул за време на парадата на која се славеше титулата во Премиер лигата, а полицијата го уапси 53-годишен Британец. Повредени се близу 50 лица, а 27 се однесени во болници. Две лица се во критична сосотојба, од кое едно е дете.
Возачот со својот автомбил влетал во топлата, а откако беше запрен гневни навивачи се обидоа да се пресметаат со него, но полицијата успеа да го приведе. Од страна на полицијата беше истакнато дека не инцидентот не бил терористички напад. Инаку стотици илјади симпатизери на Ливерпул беа по улиците на градот за прославата на 20.та титула шампион на Англија.
Несекојдневна трка во Англија - Победникот добива четири килограми сирење
Стотици трагачи на возбуда се спуштија на Куперс ридот во Глостершир учествуваа во понеделникот на годишниот натпревар за тркалање сирење, традиционален британски натпревар каде учесниците се фрлаат по ридот од 180 метри за да го бркаат тркало за сирење. Смелите натпреварувачи се фрлаат по стрмниот рид од 180 метри со нагиб од 26,6 степени. Том Копке од Германија е победник втора година по ред, а за победникот има парче сирење од четири килограми.
Трката е позната по високиот ризик од повреди, при што учесниците претрпуваат низа скрешеници на екстремитети, па дури и потрес на мозокот.
И покрај овие опасности, организаторите тврдат дека никогаш не се регистрирани жртви, а сите натпреварувачи треба да признаат дека учествуваат на сопствен ризик. Првиот пишан доказ за настанот датира од 1826 година.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар