Преглед на вестите од светот
Русија трета ноќ по ред со дронови и проектили ја нападна Украина. Руската армија ноќеска лансирала 355 дронови и 9 проектили кон повеке градови а според укранските воздушни сили тоа е најголемиот напад со дронови од почетокот на војната. Украинската армија информираше дека сите проектили биле соборени и биле неутрализирани 288 дронови.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е сè понезадоволен од однесувањето на рускиот претседател Владимир Путин.
„Отсекогаш сум имал многу добри односи со Владимир Путин, но нешто му се случи. Тој целосно полуде, испраќа проектили во градовите и убива луѓе, а тоа воопшто не ми се допаѓа. Ако Путин сака да ја освои цела Украина, тоа ќе доведе до пад на Русија, напиша Трамп на својата социјална мрежа Social Truth.
Кремљ соопшти дека тврдењето на Доналд Трамп дека Владимир Путин „апсолутно полудел“ можеби е поради емоционално преоптоварување, но му се заблагодари на американскиот лидер за неговата помош во започнувањето на мировните преговори за Украина.
- Се разбира, почетокот на преговарачкиот процес, за кој американската страна направи многу, е многу важно достигнување. Ние сме многу благодарни на Американците и на претседателот Трамп лично за помошта во организирањето и започнувањето на овој преговарачки процес. Ова е многу важно достигнување.
Трамп, исто така, го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека не и прави услуга на неговата земја со начинот на кој зборува и што зборува. Сè што ќе излезе од неговата уста создава проблеми, не ми се допаѓа тоа, подобро би било да престане“, рече Трамп.
Најмалку 30 палестинци се убиени во израелски воздушен напад врз училиште кое служело како засолниште во градот Газа, соопштија локалните власти. Во училиштетото биле сместени раселени семејства од градот Беит Лахија.
- Израелските окупациски сили оваа ноќ извршија масакр и масовно истребување на заспаните деца и жени во ова училиште. Сцените на децата, како што реков, се неописливи, сцените на жените се неописливи. Телата се целосно јагленисани во ова училиште, изјави Фарес Афана, палестински медицински работник.
Израелската армија тврди дека напагаат само воени цели и го обвинуваат Хамас за користење цивили како жив штит, обвинение кое Хамас го негира.
Неочекувана сцена снимија новинарските екипи помегу Францускиот претсдетел Еманауел Макрон и неговата сопруга Брижит кои го чекаа нивниот авион да слета на аеродромот во Ханој, Виетнам.
Вратата на авионот се отвора и се гледа Макрон и рацете на Брижит како одеднаш го допираат неговото лице во движење што може да се протолкува како шамар.
Макрон изгледа збунето, но штом забележува дека вратата е отворена, се насмевнува и почнува да им мавта на присутните.
Кабинетот на францускиот претседател го минимизираше инцидентот. Од таму соопштија дека тоа било момент на билскост помеѓу претседателот и неговата сопруга, а не насилство.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар