Македонија
20. May 2025 - 12:03

Лишено од слобода едно лице од Неготино поради сомнение за „криумчарење мигранти“

По преземени мерки и активности, на 19.05.2025 во 12.00 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишија од слобода Б.П.(22) од Неготино, кој беше баран по централен распис поради сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“.

Имено, тој се сомничи дека е инвилвиран во настанот од 12.05.2025 во близина на Граничен премин Богородица, при што во близина на патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки, кои припаѓаат на друго возило, беа пронајдени четири женски лица мигранти од Кина, од кои едната во бессознание.

Претходно, во врска со овој настан, Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Ј.К.(25) од Неготино, кој беше лишен од слобода на 13.05.2025, по што судија на претходна постапка му определи мерка домашен притвор во траење од 30 дена.