Преглед на вестите од светот
Претседателски избори во Романија и Полска, парламентарни во Португалија
Во Романија се одржува одлучувачки втор круг од претседателските избори. Изборната трка се одвива помегу кандидадот на крајната десница Георѓе Симион, кој осови неочекува, но убеделива победа со 40, 96 отсто освоени гласови во првиот круг и центристичкиот, прозападен градоначалник на главниот град Никусор Дан, кој беше втор со 20, 96 освоени гласови. И двајцата претседателски кандидатисе појавија на избирачките места и гласаа
- Гласав против злоупотребите и против сиромаштијата. Гласав против оние кои не почитуваат сите нас. Но, во исто време, гласав за нашата иднина, да одлучуваат само Романците, Романците и Романија. Затоа, помогни ни Боже! Изјави Герѓе Симион претседтелкси кандидат.
- Јас гласав за промена која ќе донесе просперитет, а не за промена која ќе донесе авантура и обесхрабрување на инвестициите во Романија. Гласав за европска насока и за добра соработка со нашите европски партнери, а не за изолација на Романија.
И во Полска денеска се одржуваат претседателски избори а за позицијата на актуелниот претседетел Анджеј Дуда се борат дванаесет мажи и една жена. По два петгодишни мандати, Дуда нема право повторно да се кандидира. Градоначалникот на Варшава, Рафал Часковски води во анкетите. Тој е кандидат на либералната конзервативна Граѓанска колација предводена од премирот Доналд Туск. На второ место на анкетите е историчарот Карол Навроцки поддржан од главната опозициска партија Право и правда. Изборен ден и во Португалија. Таму се одржуваат предвмрени парламентарни избори, откако актуелниот премиер Луис Монтенегро поднесе оставка поради спорот за конфликт на интереси.Според анкетите, неговата партија Демоктарскиот сојуз ќе биде, прва но не ќе може самостојно да формира Влада.
Папата Лав XIV ја започна започна понтификална служба со свечена миса во Ватикан
Новиот поглавар на Римокатоличката црква, Папата Лав XIV, официјално го почна својот понтификат денеска , со инаугуративна миса на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Во својата права беседа, Папата Лав14 вети дека ќе работи на отвореност и единството на Католичката црква и повика на прекин на кофликтите во светот,нудејќи го Ватикан како посредник.
Инаугурацијата на Папата Лав XIV привлече повеќе од 150 делегации од целиот свет. Меѓу присутните беа американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио, германскиот канцелар Фридрих Мерц, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, како и претседателите на Италија, Украина и Перу. Од Ватикан соопштија дека папата во текот на денот ќе има средба со Зеленски за да разговара за војната во Украина.
Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост во Њујорк, двајца загинати
Мексикански воен брод за обука синоќа удри во Бруклинскиот мост во Њујорк, при што загинаа двајца членови на екипажот, а 19 се повредени. Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат како јарболите на бродот, високи околу 45метри, удираат во долниот дел на мостот и се кршат. Во моментот на несреќата, на бродот имало 277 лица, главно кадети на мексиканската морнарица и требало да исплови кон Исланд Мостот не е оштетен и во тек е истрага за причиите за судирот, изјави градначалникот на Њујорк, Ерик Адамс. Според првичните информации, бродот удрил во мостот откако наводно изгубил напојување и контрола врз управувањето, што довело до тоа речната струја да го повлече кон конструкцијата на мостот.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар