Кошта на турнеја низ Западниот Балкан, в четврток ќе престојува во Скопје
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта од денеска до 16 мај ќе престојува во посета на земјите од Западниот Балкан, во чии рамки в четврток ќе допатува во Скопје, а в петок ќе учествува на самит на Европската политичка заедница во Тирана.
Целта на посетата на Кошта е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективата на земјите од Западниот Балкан за членство во Унијата.
-Зајакнувањето на соработката со Западен Балкан е врвен политички приоритет за ЕУ и за мене лично, порача Кошта во пресрет на неговата западнобалканска турнеја.
Тој нагласи дека заминува во посета на регионот за да разговара со лидерите на земјите од Западниот Балкан, кои „се соочуваат со постојани предизвици“ и за да покаже дека ЕУ е подготвена да им помогне.
-Постои јасен моментум за проширување, но моментумот бара посветеност, истакна Кошта.
Како што соопшти Европскиот совет, на средбите со политичките раководства на партнерите од Западниот Балкан, Кошта ќе ја нагласи „важноста на понатамошно градење на обновениот моментум во процесот на проширување и на односите меѓу ЕУ и регионот“.
Работниот дел од посетата на Кошта започнува утре во Белград, каде тој ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, со премиерот Ѓуро Мацут и со членови на Народното собрание на Србија.
Утре попладне, Кошта од Белград ќе отпатува за Сараево каде ќе се обрати пред припадниците на Силите на ЕУ во Босна и Херцеговина (ЕУФОР Алтеа), по што ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ.
В среда, Кошта ќе допатува во Подгорица на средби со црногорскиот претседателка Јаков Милатовиќ, со премиерот Милојко Спајиќ и со членови на Владата на Црна Гора, а попладнето ќе отпатува за Приштина на средба со косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу.
Претседателот на Европскиот совет в четврток ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски.
Од Скопје, Кошта попладнето ќе замине за Тирана на средби со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама, а ќе разговара и со студенти на тиранскиот Колеџ на Европа.
В петок во Тирана, Кошта ќе биде кодомаќин на шестиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ), чија тема е „Нова Европа во новиот свет: Единство - Соработка - Заедничко дејствување“.
Самитот ќе се фокусира на безбедноста, а лидерите учесници на собирот ќе ги споделат своите визии за иднината на Европа. Во рамки на Самитот ќе се одржат и три тематски тркалезни маси.
Целта на собирот е зближување земјите од европскиот континент и обезбедување платформа за подлабока политичка координација меѓу нив.
Ново на Сител
-
Марта Кос: Владата во Србија не исполни ниту една од реформите што ги вети во декември
-
Управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта, приведен 68-годишник од Ресен
-
ФБИ ќе го зголеми фокусот кон илегалната имиграција
-
МВР: Апел до граѓаните да внимаваат на лажни е-пораки – фишинг линкови
-
Најмногу дожд во Струмица
-
ДЗР: Од 34 општини со седиште во град, ГУП-овите на 22 не го исполнуваат стандардот за озеленетост од 25 м2 по глава на жител
-
Министерката Јаневска ќе се обрати на Самитот Македонија 2025 на панелот посветен на образованието на иднината
-
Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници