Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска од апелација ќе напредуваат во судии на врховен суд. Судски совет ги изгласа со 12 гласа за областа кривично право како дел од највисокиот судски орган.
Дебатата се заостри околу кандидатите за избор на судии во врховен од граѓанска област. Членови на советот предложија да се поништи огласот и да биде распишан нов но ваквиот предлог не помина по што преминаа на гласање. Доверба од членовите за унапредување доби само прворангираниот судија Маја Маркова. За Јетмир Ајдини, Наташа Савовска Димитровска и Рафиз Идризи членовите на судски совет гласаа против.
На оваа седница беше избран претседател на основниот суд во Кратово – Мирослав Георгиевски како истакнат судија и со претходно искуство на оваа позиција кого високо го оценија членовите на советот. На дневен ред беа повеќе точки меѓу кои и избор на судии во Основните судови ширум земјава.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар