Македонија
24. April 2025 - 16:45

Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води Обвинителството, не Владата, 68 лица се опфатени

Ако државниот обвинител оцени дека треба да бидам во затвор за кочанската трагедија веднаш нека ме приведат- премиерот Мицкоски од собраниската говорница и врати на опозицијата по обвинувањата за селективна правда во истрагата. 

Законот за правична застапеност и укинатиот балансер ги скара премиерот и пратеникот од ДУИ Беџети. 

Обвинувања имаше и за хаосот во култура. Министерот Љутков вината ја префрли на поранешните министри, откако СДСМ го обвинија дека не го почитува колективниот договор и работи на штета на културни работници. 

На седницата на Собранието посветена на пратенички прашања, премиерот им вети на граѓаните и на опозициските пратеници дека нема да дозволи штета да има во Битола и цела Пелагонија со градењето на организирана депонија во Општина Новаци.