Македонија
24. April 2025 - 12:24

На повидок воспоставување на голема соработка помеѓу прилепската општа болница и Универзитетскиот клинички центар во Лозана

На повидок воспоставување на голема соработка помеѓу прилепската општа болница и Универзитетскиот клинички центар во Лозана, Швајцарија, која е втора болница по големина во оваа земја. Целата идеја и иницијатива е на нашит иселеник и сограѓанин Дејан Аџиоски, кој со донации од Швајцарија за Македонија беше активен и за време на короната кога во Македонија беа испратени 70 неинвазивни респиратори.

„Планираме да вопоставива подолгорочна и континуирана медицинска соработка со овој реномиран клинички центар. Сороботката ќе биде преку професионална размена, траснфер на знаења, техничкаа поддршка, донација на медицинска опрема, специјализирани инструменти и друг потрошен материјал“, изјави Кире Јоноски, директор на општа болница Прилеп.

„Моментално со директорот на болницата правиме една анализа на потреби, потоа таа анализа ќе ја поднесеме до ШУВ во Швајцарија, во  влизина на Лозана. Да направиме прво еден добар контакт со нив, една размена на барањата, а потоа може да се направи и еден контакт со институциите тука како Општина Прилеп и Министерството за здравство за да можеме да направиме континуирана соработка во повеќе години“, додаде Дејан Аџиоски, иселеник во Швајцарија.

Аџиоски упати апел Македонија многу повеќе да ги искористува конктактите со нашата дијаспора кој сега биле на незадоволнително ниво. А се тоа во иднина најголема корист би имала државава.

„Да му се пружи рака на дијаспората, на иселениците, за потесна соработка, може да се направи тоа преку некои средби со дијапосрата, преку нашите амбасади и институции и тие луѓе кои се способни кои имаат капацитет и контакти би можеле секој во својата сфера да пружи рака кон Македонија, нашите институции и болници“, додаде Аџиоски. 

Ваква соработка со швајцарски клинички центри во иднина Аџиоски најавува и со други болници од Македонија.