Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани
Киро Гоцевски од делчевското село Нов Истевник, за повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани донираше 200 литри магарешко млеко. На овој хуман гест се одлучил, зашто млекото од магарица, поради високото ниво на ензими, се смета за природен антибиотик и успешно се бори против бактериолошки инфекции во организмот како последица на труење и лечење на кожни болести. Се препорачува за заболувања на дишните патишта, астма, бронхитис и сува кашлица.
- Млекото бронхитисот го лечи целосно, како да го немало. Има луѓе и од Кочани што купуваа пред 2 години за детето, потоа го носеле во Германија на испитување, како никогаш да не боледувало од бронхит. Луѓето даваат по аптеките, по антибиотици, по сирупи многу повеќе пари, а овоа е навистина здраво за пиење и нема штетна особина, изјави Киро Гоцевски, сопственик на фарма на магарици
Гоцевски е повратник од Швајцарија и пред 6 години одлучил да направи фарма за магарици.
- Ми дојде идеа, бидејќи имам читано за магарешкото млеко, за неговата лековитост решив да чувам магарици. Имам свој имот, детелина и кога се вратив од Швајцарија купив едно 40- 55 магарици, додаде Гоцевски
Магарешкото млеко содржи 60 пати повеќе витамин Ц од кравјото млеко, а на пазарот се продава по речиси 50 пати повисока цена, односно за 3100 денари за литар.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар