Македонија
22. April 2025 - 16:33

Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи

За да се стане дел од европското семејство потребно е да постои погоден момент и волја за проширување во самата ЕУ, потоа потребни се и реформи, но најнепходен услов за остварување на оваа цел е политичкиот конезус за членство во државата-кандидат. Ова искуство го пренесе главниот преговарач на Хрватска со Брисел на македонските пратеници како начин побрзо да се стигне до преговир и полноправно членство.

И останатие меѓународни претставници на денешната собраниска дебата посветена на ЕУ порачуваат соработка на двете политички страни, но велат и дека потребна е и работа.

Иако се за политички конензус, од  власта коемнтираат и дека патот кон ЕУ бил обременет со идентитетски прашања, но и дека во самата унија не постои единствена волја за проширување.

Опозицијата пак  во ЕУ гледа најдобар инвеститор во човечки капитал, особено во делот на отворената економија и образованието. Обединети нема пречка која не може да се помине, вели Филипче.

Иако имаа шанса да се вклучат во дебатата и да побараат конректни искуства од хрватскиот преговарач или пораки од Унијата македонските пратеници не покажаа интерес за тоа.