Свет
21. April 2025 - 11:00

Францускиот претседател Макрон пристигна во прекуокеанскиот департман Мајот

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна денеска во прекуокеанскиот француски департман Мајот, со што ја започна својата петдневна турнеја низ Индискиот Океан, пренесуваат агенциите.

Авионот на шефот на државата, кој е придружуван од сопругата Брижит, слета во 8:15 часот по локално време во главниот град на територијата, Мамузу, прецизираат агенциите.

Макрон денеска треба да се сретне со локалните жители и народните претставници за да разговара за обновата на архипелагот, уништен на крајот на минатата година од циклонот Шидо.

Макрон ќе ги посети и соседниот департман на Мајот, Реунион, како и Мадагаскар и Маурициус.