-->
-->
Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајна несреќа на магистралата Кичево-Гостивар
-->
Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа што вчера се случи на патниот правец Кичево-Гостивар. Од 21 часот сообраќајот на овој патен правец е во прекин.
Според информациите на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вчера во 20:55 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и селото Трапчин Дол во која учествувале три возила.
- Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, а осум лица се повредени. Дел од нив се пренесуваат во болницата во Кичево, дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје, изјави Димоски за МИА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Депонијата Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина
-
Жена од кавадаречко предизвикала пожар на отворено палејќи стари предмети
-
Турчин тешко повреден додека работел во фабрика во неготинско
-
Нестабилно време со повремен дожд и грмежи до крајот на неделава
-
Жена од Штип удрена од возило без возач кое само тргнало од паркинг местото
-
Нова германска донација за пожарникарите доброволци на ДПД Кoчани
-
По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица
-
Починa aмериканскиот глумец Едвард Фолкнер