Македонија
17. April 2025 - 13:54

Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари

Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.З.(52), А.А.(55), Р.Д.(31) и С.Д.(32), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“, од кои една во обид.

Имено, пријавените делата ги извршиле во периодот од 30.03. до 14.04.2025, при што од објект на ЈП Железници на РСМ -Железничка инфраструктура Скопје одзеле машина за обработка на дрва, мотор од компресор, алати и разни други предмети и се стекнале со имотна корист од околу 1.239.000 денари.

На 14.04.2025, при обид да извршат „тешка кражба“ во објектот, тие биле затекнати и лишени од слобода од полициски службеници. Од страна на Судија на претходна постапка  на Е.З., Р.Д. и С.Д. им била одредена мерка притвор во траење од осум дена, а на А.А. му била изречена мерка домашен притвор во траење од осум дена.