Македонија
16. April 2025 - 12:22

Отворен и кариерен ден на УГД– Штип и Стопанска комора на Македонија

Стотина ученици и студенти од Штип и градовитеод регионот, заедно со 40 компании од цела држава, беа дел од вториот по ред Отворен и кариерен ден на штипскиот Универзитет. Средношколците, за да ги согледаат можностите кои има ги нудат факултетите преку директна комуникација со професорите, а студентите да се информираат за работните места кои им се нудат на пазарот на трудот.

- Ги комбинираме можностите за студентите кои веќе студираат да ги истражат своите кариерни патишта и да се сретнат овде со компаниите, односно, со можните работодавачи за да изберат најдобар кариерен пат.  Идните наши потенцијални стденти да добијат подетални информации за студиските програми кои што ги нудиме, но и да ја видат оваа симбиуоза помеѓу Универзитетот и реалниот сектор, изјави Дејан Мираковски, ректор на УГД-Штип.

Коорганизатор на настанот е Стопанска комора на Македонија, чија цел е промена на статистичките бројки кои говорат дека се повеќе млади по завршување на обрзаованието се одлучуваат да заминат од земјата. 

- Организирајќи вакви настани, навистина можеме да делуваме да го задржиме најважниот фактор кој создава дополнителна дејност и вредност, а тое е човечкиот фактор. Гледајќи го дефицитарните кадри кои години наназад се иселуваат и работат не само за поголеми плати, туку и за подобар стандард, здравство и социјална програма, сакаме да ги насочиме и упатиме децата дека, можат да одат и на стручни средни училишта кои ќе им овозможат да осознаат каде понатака во животот можат да се насочат, изјави Елисавета Георгиева-Јовевска, Стопанска комора на Македонија.

За да имаме успешна приказна со млади образовни кадри кои ќе работат и творат во домашните компании и институции, покрај поддршката од реалниот сектор и општините, ќе мора да се вклучи и централната власт како креатор на политиките за креирање на кадар кој ќе одговара на потребите на стопанството.